Дојче Телеком на Светскиот конгрес за мобилна технологија MWC Барселона: Фокус на технологија за луѓето

- Advertisement -

Кои се придобивките од дигитализацијата за луѓето? Дојче Телеком одговара на ова прашање на MWC – Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона.

„Создаваме дигитални искуства коишто се приспособени на потребите на нашите корисници. Тоа го прикажуваме во Барселона.  Зборуваме и за тоа како можеме да ја искористиме технологијата за да создадеме поодржливо и подигитално секојдневие за сите“, изјави Клаудија Немат на прес-конференцијата во пресрет на најголемиот саем за мрежна технологија во Европа.

- Advertisement -

Компанијата го потврдува лидерството во технологијата со: мобилна продукција на ТВ содржини во живо со помош на паметни телефони, иновации во поделбата на мрежата на слоеви (network slicing), конекции без граници за Интернет на нештата и ново искуство во дигиталното домашно вмрежување. 

Роби Вилијамс и изведбата на Бетовен со  вештачка интелигенција

- Advertisement -

За Дојче Телеком, дигиталната одговорност е неодвоив дел од дигитализацијата. Токму затоа компанијата постојано се фокусира на предизвиците поврзани со новите технологии. На пример, начинот на кој тие комуницираат со нас луѓето. Или пак колку може да биде креативна вештачката интелигенција? Дојче Телеком го разгледува ова прашање заедно со светската ѕвезда Роби Вилијамс. Музичката легенда се вклучи во предизвик заедно со тимот на Дојче Телеком. Со помош на вештачката интелигенција со која експертите за прв пат ја довршија 10-тата симфонија на Лудвиг ван Бетовен, преработен е и хитот на Вилијамс „Angels“. Во комбинација со дела како што е Месечевата соната, создадена е досега нечуена верзија на баладата. Ексклузивната претпремиера ќе се одржи на 28 февруари на MWC Барселона.

Дојче Телеком и RTL: Џебно репортажно возило

- Advertisement -

5G е повеќе од брзина. Една од важните компоненти на овој нов стандард за мобилни комуникации е поделба на мрежата на слоеви (network slicing). Поделбата на слоеви овозможува виртуелни мрежи коишто работат паралелно, во зависност од сценариото на апликацијата и одговараат флексибилно и ефикасно на соодветните барања. Во Барселона, Дојче Телеком демонстрира како компаниите од различни индустрии имаат корист од разновидните можности на новата мрежа.

Дојче Телеком и Ericsson прикажуваат иновација во поделбата на мрежата на слоеви

Без разлика дали се работи за емитување, логистика или телематика на возила: сигурните конекции се важни за корисниците коишто треба да се потпрат на податочни конекции со ниска латенција на локации низ целиот свет. Дојче Телеком и Ericsson демонстрираат револуционерен доказ за овој концепт: партнерите воспоставуваат поврзување со гарантиран квалитет на услугата (QoS) помеѓу Германија и Полска со комплетна поделба на мрежата на слоеви преку 5G.

T IoT: Конекции без граници со Интернет на нештата

Што имаат заедничко поврзаниот автомобил и меѓународниот синџир на набавки? Тие ги пренесуваат локациите или податоците за статусот низ целиот свет преку Интернет на нештата (IoT). Досега беше многу сложено да се изградат глобални решенија за Интернет на нештата. За таа цел беа потребни преговори со повеќе добавувачи. Секој со различни договори и свои платформи за наплата и поддршка. Дојче Телеком и Т-Mobile САД го поедноставуваат глобалното поврзување на Интернет на нештата за претпријатијата. Заедно го воведуваат „T IoT“ – нова понуда за решенија за Интернет на нештата.

Забава во дигиталното секојдневие – ново искуство на домашно вмрежување

Паметните уреди и паметните функции можат да се контролираат со апликација. Најважното место во светот е несомнено нашиот дом. Денес, потребно е повеќе од брз интернет за тој да биде поудобен и одржлив: нашиот живот дома е нераскинливо поврзан со дигиталниот свет. Дојче Телеком го следи овој тренд со апликацијата MagentaZuhause. Таа создава ново искуство на дигитално домашно вмрежување: персонализирано, сеопфатно, безбедно и беспрекорно. Дојче Телеком нуди сеопфатно секојдневно искуство со дигитални апликации за целото семејство.

Да ја направиме технологијата одржлива – за сите нас

Како може технологијата да стане енергетски поефикасна за да ни помогне во борбата против климатските промени? Целта на Дојче Телеком е дигитализација со брзина и јасна насока и помала зависност од индивидуални даватели на услуги и технологии. На MWC, компанијата го презентира она што веќе е возможно во зелената мрежа на Дојче Телеком денес.

Технологија којашто шармира и освојува

Паметната технологија ги штити климата и животната средина, притоа фокусирајќи се на потребите на луѓето, компаниите и општеството. На MWC Барселона, Дојче Телеком покажува дека технологијата исто така може да изненади, шармира, па дури и освои. За таа цел, ќе биде поставена интерактивна изложба наречена „Човечкото искуство на целосна задлабоченост“. Преку неа, посетителите ќе ги трансформираат твитовите со говор на омраза во позитивна конотација. Дојче Телеком на овој начин испраќа јасен сигнал против говорот на омраза и се залага за интернетбез омраза.

Magenta Keynote (Клучни информации за Магента)

Клаудија Немат ќе известува во живо од Барселона со „Magenta Keynote“ на 28 февруари, во 14:00 часот. Со почеток во 12:30 часот, ќе има програма посветена на вештачката интелигенција, како и ексклузивна претпремиера на хитот на Роби Вилијамс „Angels“ со нов аранжман. Со нетрпение го очекуваме панелот со Роби Вилијамс, ко-авторот на „Angels“ Гај Чемберс, Матијас Родер (лидер на проектот) и Клаудија Немат.   

Можете да го следите преносот на www.telekom.com/medien.

Посетете нè – во Барселона или на веб

Од 28 февруари до 3 март 2022 година, Дојче Телеком ќе има хибриден настан во Барселона. Сите настани ќе се пренесуваат во живо. Главната содржина на саемските изложби ќе биде достапна и онлајн.

Програма и настани на сцената: https://mwc.telekom.com/

Дојче Телеком АД

Емаил: media@telekom.de

Дополнителни информации за медиумите на:

www.telekom.com/en/media

https://www.telekom.com/en/media/mediacenter/images

www.twitter.com/deutschetelekom

www.facebook.com/deutschetelekom

www.telekom.com/en/blog

www.youtube.com/deutschetelekom

www.instagram.com/deutschetelekom

За Дојче Телеком: https://www.telekom.com/en/company/company-profile

Сподели!
- Advertisement -