Цукерберг изгуби 500 милијарди долари од пазарната вредност на Meta

- Advertisement -

Кога Цукерберг го смени името на својата компанија од Facebook во Metа, многумина коментираа дека тоа го направил само за фокусот на јавноста да го сврти подалеку од проблемите кои ги има компанијата, Во тој период се појавија инсајдерски информации дека истражувања спроведени во Facebook ги докажале негативните ефекти на Instagram врз тинејџерите, особено девојчињата, но Цукерберг не презел ништо за тоа да го поправи.

Додека се натрупуваа проблеми и критики за Facebook, Цукерберг во октомври минатата година најави дека ќе го смени името на компанијата. Meta, според него, претставува нов фокус и правец за во иднина, а е ориентиран на мета универзумот, односно виртуелни светови во кои луѓето во иднина ќе поминуваат многу време.

- Advertisement -

Откако пред околу половина година Facebook го достигна врвот на својата пазарна вредност, кога надмина 1 трилион долари, компанијата досега изгуби над 500 милијарди долари. Meta денес на пазарот вреди околу 550 милијарди долари, а прогнозите на аналитичарите се дека не гледаат позитивна иднина.

Многу полош удар од ПР проблемите со Instagramo, Цукерберг доживеа од Apple, кој со промените во својот оперативен систем на корисниците им овозможи да го блокираат Facebook во следењето на нивните активности на iPhone, а во ист правец тргнува и Google. Без следење на корисничките активности Facebook не може прецизно да ги пласира огласите, а тоа влијае на нивните приходи. Ако на тоа го додадеме и фактот дека по прв пат беше забележат пад на бројот на корисници на Facebook и дека од компанијата предупредија дека опасност за нивниот бизнис во иднина е TikTok, јасно е колку потенцијални проблеми го очекуваат Цукерберг/

- Advertisement -

Исто така, тука се и инвестициите во мета универзумот, кои нема да се исплатата брзо, па прашање е во кој правец ќе тргне компанијата во блиска, но и во подалечна иднина. Останува да видиме дали сведочиме на почетокот на крајот за Цукерберг или Facebook моментално е премногу големн за да пропадне.

(NY Mag)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -