Facebook Reels достапни за сите корисници на Android и iOS

- Advertisement -

TikTok форматот на видео содржина е моментално најмногу популарен и тоа ќе остане така уште одреден период. Нема веќе мрежа која нема некоја форма на сопствен „TikTok“, а секако дека друштвените мрежи од Meta ќе имаат своја верзија.

Instagram Reels беше одговорот на Meta, па иако не успева да го достигне нивото на TikTok, сепак не може да се каже дека Reels не се многу популарен формат на објава.

- Advertisement -

Од компанијата минатата година го пуштија овој формат на објави и кај Facebook, а очекувано овие кратки видео на оваа мрежа се наречени Facebook Reels.

Од оваа недела Facebook Reels им се достапни на сите корисници во светот на Facebook, односно на корисниците во повеќе од 150 земји.

- Advertisement -

Сигурно доста од вас веќе и ги имаат забележано Reels на вашата Facebook листа со новости, а сега истото и официјално е потврдено од компанијата.

Facebook Reels може да се видат на листата со новости, како и на Facebook Stories, во делот Watch и слично.

- Advertisement -

Како што би се очекувало, овој вид на објави имаат и одредени можности, а на Facebook со пуштањето за повеќето корисници во светот, тие добиваат дополнителни, како на пример можноста за објава на видео од веќе објавено од друг корисник, можност за сечење на видеата, должина до 60 секунди и слично.

Можеби Facebook Reels не може да се очекува да го имаат успехот на Instagram Reels, а уште помалку на TikTok, но тие се доволно важни да Facebook „мора“ да ги има за да ја задржи својата привлечност кај корисниците.

Извор- smartportal.mk

Сподели!
- Advertisement -