Од 1 март, македонските граѓани ќе можат да патуваат во земјите од Европската Унија ако се целосно вакцинирани

- Advertisement -

Од 1 март, македонските граѓани ќе можат да патуваат во земјите од Европската Унија ако се целосно вакцинирани против ковид-19 или ја прележале болеста. Ова следува откако Европскиот совет препорача да се укине забраната за несуштински патувања за лицата од државите кои не се членки на ЕУ.

Од Европскиот совет нагласуваат дека притоа ќе се признаваат вакцините одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или од Светската здравствена организација (СЗО), што не ја вклучува руската „спутник“. Сепак, патниците вакцинирани со вакцина која е одобрена од СЗО, а не и од ЕМА ќе мора да приложат и негативен тест. Ова се однесува на вакцините на кинеските компании „Синофарм“ и „Синовак“, кои засега не се одобрени во ЕУ.

- Advertisement -

„Промената на правилата се базира на еволуцијата на пандемијата, зголемената стапка на вакцинација и изедначувањето на ковид сертификатите на сè поголем број трети земји со дигиталниот сертификат на ЕУ“, стои во соопштението на Европскиот совет.

Сите патници мора да бидат вакцинирани најмалку 14, а најмногу 270 дена пред патувањето во ЕУ за да добијат дозвола за влез како вакцинирани лица. Исто така, дозвола за влез ќе добијат и лицата кои го прележале ковид-19 во претходните 180 дена.

- Advertisement -

извор: sdk.mk

Сподели!
- Advertisement -