Радијацијата околу Чернобил се покачува

- Advertisement -

Откако руските трупи ја нападнаа нукеларната централа Чернобил и го зазедоа местото, а вработените ги држат како заложници, нивоата на радијација околу нуклеарката се зголемуваат, пренесува Associated Press.

Во 1986 година Чернобил, кој тогаш беше на територија на Советскиот Сојуз, ја доживеа најголемата нуклеарна катастрофа во светот после експлозијата на реакторот број 4. 30 луѓе погинаа при експлозијата, а безброј други со децении чувствуваа последици од радијацијата. После поделбата на Советскиот Сојуз, Чернобил и припадна на Украина и владата евакуираше 135.000 луѓе од областа и создаде една забранета зона од 30 км околу местото.

- Advertisement -

Според Associated Press, веројатно во текот на воздушните напади била нанесена штета на делот каде што се чуваат радиоактивни материјали. Според некои корисници на Twitter, радијацијата околу нуклеарката веќе е зголемена. Моменталните нивоа можеби не се опасни за луѓето во околината, но сигурно не се ни безбедни.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -