Европската комисија воведе нови санкции за кои тврдат дека тешко ќе ја погодат руската економија

- Advertisement -

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека вторито пакет санкции кои ќе ги воведе Европската унија тешко ќе ја опогодат руската економија. Таа наведе дека со тој пакет санкции ќе дојде до пораст на одливот на капитал и инфлација и дека постепено ќе се разори руската индустриска основа, пренесe Reuters.

Фон дер Лајен додаде и дека сега се доведува во прашање стабилноста на Европа.

- Advertisement -

„Овие санкции ќе го сузбијат економскиот раст на Русија, ќе ги зголемат трошоците за задолжување, ќе ја подигнат инфлацијата, ќе го интензивираат одливот на капитал и постепено ќе ја разорат нејзината индустриска основа“ истакна таа вчера на прес-конференција во Брисел.

Претседателката на ЕК рече дека ЕУ има за цел да го ограничи пристапот на Русија до клучната технологија.

- Advertisement -

„Нашите мерки ќе ја ослабната руската технолошка позиција во клучните полиња, од кои елитата заработува најголем дел од своите пари. Тоа се протега од високотехнолошките компоненти до најсовремениот софтвер“ рече Фон дер Лајен.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -