Воениот судир меѓу Русија и Украина уште овие први неколку дена има огромно влијание и врз спортот, а генералниот став на светот од сферата на спортот е дека судирот треба што побрзо да се стопира за да се анулираат и некои одлуки кои се донесени на штета на рускиот спорт.
Така, меѓу првите донесени одлуки е дека финалето на Лигата на шампиони нема да се игра во Санкт Петесрбург, а наместо тоа нов домаќин ќе биде Париз и финалето ќе се одржи на 28 мај.
УЕФА така прва и покажа на Русија дека нема да има милост во одлуките и спортските санкции поради инвазијата на земјата врз Украина, а поред тоа во опасност е и фудбалската репрезентација, која во март игра бараж за пласман на Светското првенство.
Останува да видиме колку далеку ќе отиде УЕФА со своите ригорозни одлуки и дали поради се што се случува ќе ја казни и фудбалската репрезентација. Имено, точно за еден месец, на 24 март, Полска треба да гостува во Москва, додека вослучај на победа, Русите би биле домаќини и на 29 март, кога ќе играат против победникот од двобојот меѓу Шведска и Чешка. Но, проблемот е во тоа што полските, шведските и чешките фудбалски сојузи не сакаат да гостуваат во русија.
Исто така, донесени се и две одлуки за прекин на спонзорства со руски компании, а откако Шалке 04 прв го раскина договорот со Gazprom, кој беше генерален спонзор на клубот и испишан на предната страна од дресовите, денес и Манчестер Јунајтед го раскина договорот со руската компанија Aerofloto.
Иако првично беше во календарот за 2020 година, трката на Формула1 исто така нема да се одржи во Русија. Како што соопштија официјално, донесена е одлука за неодржување на трката за Големата награда на Русија, а причината е нападот на Русија врз Украина. Трката во Русија требаше да се одржи на 25 септември.
Овие одлуки се само првите кои се донесени на штета на рускиот спорт и во наредните денови, ако продолжи инвазијата во Украина, може да станат и уште поригорозни.
(Klix.ba)
(фото: Wikimedia)