Белград е третиот град во кој загребската ИТ форма Q го шири своето работење. Планира да вработи 40-50 експерти кои ќе работат на глобални проекти од Србија. После Лондон и Загреб, Белград е трет град од каде Q ќе работи на глобални проекти.
„Во Q веќе со години соработуваме со бројни ИТ експерти од регионот и штотуку ја препознавме Србија како пазар со квалитетен кадар. Сигурни сме дека отворањето на седиште во Белград ќе ни овозможи привекување на експерти и раст„, вели Филип Љубич, CEO на Q.
Oваа компанија работи за клиенти од типот на Novartis, The Times, Manpower Group, Smart, Vaillant, BBC, Hilti и други. Главно е фокусирана на Обединетото кралство, САД и Канада. Неодамна доби награда за најдобар работодавач во категоријата на средно големи компании, а на Best Employer Brand Award Adria се истакна како водечка компанија на полето на задоволство на вработените.