Новите модели на iPhone може да чинат само 300 долари

- Advertisement -

Ако им се верува на аналитичарите, Apple за годинава го подготува најголемиот број хардверски новитети во историјата. До крајот на годината можеме да очекуваме нови модели на паметни телефони, таблети, лаптопи и декстоп компјутери, слушалки, а можеби прв оат да ги видиме и нивните паметни очила, иако може компанијата да ги одложи за идната година.

Првите нови уреди кои ќе ги претстави Apple можеме да ги очекуваме многу брзо. Се споменува датумот 8 март и наводно, меѓу новитетите ќе биде и новата генерација најевтини iPhone. Моделот iPhone SE е прилично популарен меѓу љубителите на Apple затоа што за пристапна цена во споредба со стандардите на компаните нуди компактен и квалитетен уред со моќен хардвер.

- Advertisement -

Третата генерација од телефонот треба да има сличен принцип, со некои новитети, од кои најголема новина е поддршката за 5G мрежи. Значи, од iPhone SE 5G можеме да очекуваме дизајн од минатата деценија, најмодерен чипсет и подобра камера.

Сепак, изгледа дека најинтересната информација за смартфонот може да биде центата. Според аналитичарот Џон Донован, таа може да биде само 300 долари, што е 100 долари поевтино од неговите претходници. Медиумите за тие информации велат дека се предобри за да бидат вистина, а наскоро ќе дознаеме колку има вистина во нив.

- Advertisement -

(Phone Аrena)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -