„Ербиенби“ ќе понуди бесплатно сместување на 100.000 украински бегалци

- Advertisement -

Ербиенби“ соопшти дека ќе понуди бесплатно, привремено сместување за најмногу 100.000 бегалци од Украина, приклучувајќи се на групата компании кои нудат поддршка и донации по руската инвазија, пренесува Гардијан.

Непрофитната платформа за изнајмување домови, формирана за да обезбеди помош за домување за време на меѓународни кризи, Airbnb.org, ќе соработува со агенциите за преселување за да ги смести украинските бегалци ширум светот.

- Advertisement -

Трошоците за престојот ќе бидат покриени од „Ербиенби“, донаторите на неговиот фонд за бегалци и домаќините кои нудат сместување со попуст или бесплатно.

„Знаеме дека домаќините на ‘Ербиенби’ и гостите ширум светот ќе бидат желни да застанат и да помогнат во овој огромен напор и во наредните денови, Ербиенби планира да сподели детали за тоа како домаќините и пошироката заедница можат да ја поддржат оваа иницијатива“, стои во известувањето.

- Advertisement -

Други компании ја канализираат својата поддршка со донирање милиони фунти во добротворни организации кои им помагаат на оние кои се најтешко погодени од украинската криза.

Украина доби наплив на донации од компании и огромни суми се слеаја во земјата во последните 24 часа.

- Advertisement -

„Бинанс“, најголемата берза за криптовалути во светот, донира 10 милиони долари за помош на хуманитарните напори. Исто така, ќе ги замрзне сметките на руски клиенти кои се цел на санкции, откако вицепремиерот на Украина, Михаило Федоров, ги повика големите платформи за дигитални валути да ги блокираат крипто трансакциите меѓу сите руски корисници.

Анонимните донатори на биткоин дале најмалку 13,7 милиони долари за украинските воени сили, според аналитичарите за криптовалути, како алтернатива на донациите преку традиционалните компании за групно финансирање и плаќања – од кои некои забрануваат плаќања на групи кои ја поддржуваат украинската војска.

Елиптик, компанија за анализа на блокчејн, вели дека украинската влада, невладините организации и волонтерите ги собрале средствата преку рекламирање на адресите на нивните биткоин паричници онлајн.

RadioMOF

Сподели!
- Advertisement -