Продавницата за половна облека „Копче“ започна иницијатива со која сака да ги усреќи идните матуранти и апсолвенти.

„Подарете ја облеката од својата матурска или апсолвентска вечер и погрижете се некоја девојка или момче да блесне на оваа посебна ноќ“, стои во повикот на нивната официјална Фејсбук страница.

- Advertisement -

Но, тие ги повикуваат и младите кои имаат потреба од свечена облека да ги посетат и да одберат од тоа што го имаат на располагање.

Облеката може да се донира во продавницата, или на нивниот штанд поставен на Бродот на среќата, наспроти „Холидеј ин“.

- Advertisement -

Инаку, „Копче“ е проект кој го разви Црвен крст на Република Македонија. Тој е создаден за да овозможи поефикасен систем на дистрибуција на облека до лицата во ризик, лесен пристап до облека со ниски цени за сите граѓани со цел да го зачува достоинството на оние кои имаат ниски примања, а не бараат помош, вработување на ранливи целни групи и придонес во зачувување на животната средина.

(Радио МОФ)