Цукерберг бара партнери кои ќе му помогнат во изградбата на мета универзумот

- Advertisement -

Мета универзумот изминатите неколку месеци веројатно е најкористениот збор во технолошката индустрија. Уште откако Цукерберг во октомври минатата година го најави преименувањето на Facebоok во Мeta на сите ни стана јасно дека тој ја гледа иднината во виртуелни светови во кои луѓето ќе се дружат, ќе се забавуваат и ќе работат, а до кои ќе пристапуваме преку посебни очила или други уреди.

Но, за таквата иднина потребна е цврста инфраструктура и мрежи кои ќе мпжат да го поддржуваат мета универзумот, а кои допрва треба да се изградат. Но, завчера Марк Цукерберг изјави дека со мета универузмите се наоѓаме на почетокот на нова транзиција, за која ќе биде потребен најголемиот исчекор во технолошкиот развој и конектираност која досега не сме ја виделе.

- Advertisement -

За се поголем број луѓе да имаат заедничка интеракција во реално време потребна е инфраструктура која ќе може да обработува голема количина сложени и масивни податоци многу побрзо и поефикасно од моменталната технологија. цукерберг вели дека таквата инфраструктура за конектирање ќе треба да се развива со истата брзина како и самата технолосија. Meta тоа не може да го направи сама, па затоа Цукерберг бара партнери.

„Meta е достапна да ги поддржи сите кои работат на развојот на напредни технологии во системот на мета универзумот за да се осигураме дека многумина ќе можат да бидат дел од тие виртуелни светови“ порача Марк Цукерберг.

- Advertisement -

(CNET)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -