Микро суперкондензаторите ќе го сменат начинот на кој ги користиме батериите така што ќе го продолжат нивниот век на траење и ќе овозможат екстремно брзо полнење. Затоа многу производители, од оние кои произвдуваат паметни телефони до оние кои произведуваат електрични автомобили, инвестираат многу пари во истражување и развој на тие електронск компоненти.
Научници од Технолошкиот универзитет Чалмерс во Шведска сега развија метода која претставува ново ниво во начинот на кој може да се произведат тие суперкондензатори. Но, кога станува збор за новите технологии не смее да се заборави колку е битен методот на производство за тие да можат комерцијално да се произведуваат и да имаат влијание врз општеството.
„Ние развивме метода која навистина може да функционира во производството“ вели Агин Виас, докторанд на Одделот за микротехнологија и нанонауки на Технолошкиот универзитет Чалмерс и главен автор на студијата.
Суперкондензаторите се состојат од два електрични водичи одвоено со изолациски слој. Можат да складираат електрична енергија и да имаат многи позитивни својства во споредба со нормалните батерии, како што е побрзо полнење, поефикасна дистрибуција на енергија и многу подолг животен век без губење на перформансите, со оглед на циклусот на полнење и празнење.
Кога суперкондензаторот ќе се комбинира со батерија во производ на електричен погон векот на траење на батеријата може повеќекратно да се зголеми и до ќетири пати кај комерцијалните возила. Без оглед на тоа дали станува збор за електорнски уреди или индустриска технологија, бенефитите за крајниот потрошувач може да бидат огромни.
Секако дека би било згодно еден електричен автомобил да може да се наполни толку брзо и често како што ги полниме паметните телефон, но тоа би било од голема корист и за околината затоа што батериите би имале подолг век на траење и нема да мора да се рециклираат во сложени процеси, вели Виас.
Сепак, во пракса, денешните суперкондензаторит се преголеми за многу примени. Тие мора да бидат отприлика иста големина како и батериите на кои се споени, што е препрека за да може да се интегрираат во мобилни телефони или електрични автомобил. Затоа голем дел од денешните истражувања и развојот на суперкондензаторите се однесуваат на намалување на нивните димензии.
Виас и неговите колеги работеле на развојот на микро суперкондензатори. Тие се толку мали што може да се стават во системи кои управуваат со разни финкции на мобилни телефони, компјутери, електромотори и речиси целата електроника која ја користиме денес.
Шведскиот тим покажа производен процес во кој микро суперкондензаторите се интегрирани со најчестиот начин на производство на системи на машини познат како CMOS. Како што велат шведските истражувачи, нивната метода може да се скалира и да ги намали трошоците на производниот процес. Тоа е голем чекор напред во производната технологија и битен чекор напред кон примена на микро суперкондензаторите во секојдневната електроника и индустријата.
(Eurek Alert)
(фото: European Battery Alliance)