Сите ние сме пиеле газирани пијалаци кои биле популарни во одредено време, а денес родителите се чувствуваат виновни ако на децата им дадат нешто такво. И во право се. Слатките и газирани пијалаци сега се најнепосакувани на трпезата, па многу помалку се пијат и потрошувачката на истите се намалува од година во година.
Сепак, и помеѓу нив има такви што се повеќе штетни од другите. Во продолжение ја имате целосната листа со најнездравите осум пијалаци.
Чоколадно млеко
Освен ако го консумирате после напорен тренинг, имајте на ум дека ова не е пијалак кој е целосно безопасен. Едно шише чоколадно млеко содржи околу 21 грам шеќери и плус засилувачи на вкусот.
Сок од брусница
Знаете дека овој сок има многу малку калории и е многу здрав? П,а тогаш како такво нешто може да се претвори во нешто нездраво? Токму поради грчливиот вкус на брусницата производителите додаваат многу шеќери за да настане сок.
Пијалаци од портокал
Баш како што постои лажно сирење, скот од портокал не е она што мислите. Станува збор за мешавина од вода и густ сладок сируп и малку концентрат од вистински сок, масло и други хемикалии, Јасно е дека нема ништо здраво во овој сок.
Сок од патлиџан
Палиџанот е богат со антиоксиданси, но сите бенефити од овој зеленчук се губат кога ќе се флашира. За патлиџанот да стане ароматичен пијалак производителите додаваат натриум, па се претпоставува дека во едно шише таков сок има 30% од дневните потреби за натриум.
Голема чаша кафе
Додека една или две чаши кафе може да бидат добри за дравјето, размислете ако вашиот прв пијалак наутро е околу 200 мл кафе. Според ескпертите, коските стануваат покревки и може лесно да се кршат како последица на тавката навика. Една возрасна личност треба да внесува максимум 400 мл кафе дневно, а се што е над тоа може да предизвика развој на остеопороза.
Флаширана вода
Проблемот е во BPA (бисфенол А), односно хемиската состојка која делува на хормоните и се наоѓа во многу различни пластични предмети. Според некои студии, оваа хемикалија може да влијае на појавата на рак и на плодноста.
Кафе во лименки
Пред да купите каков било производ, треба да прочитате на декларацијата што пишува. Во случајот со кафето во лименка, многу производители додаваат многу шеќери и млеко за пијалакот да биде повкусен.
Вода со витамини
Иако на шишето со ваков пијалак пишува вода, едно такво шише содржи околу 120 калории, а секоја од тие калории доаѓа од шеќери.
(Bizlife)
(фото: Piqsels)