Укинување на сертификатите за влез во трговските центри, предлага Комисијата за заразни болести

- Advertisement -

Комисијата за заразни болести препорачува да се укинат ковид сертификатите за влез во трговските центри

Претседателот на комисијата д-р Александар Петличковски, кажа дека ова е чекор за олеснување на реструктиивните мерки. Одлуката за укинување на сертификатите за влез во моловите треба да ја донесе Владата.

- Advertisement -

„За другите олеснувања ќе се следи ситуацијата и ќе бидеме многу внимателни, бидејќи не сакаме со нагло отфрлање на сите заштитни мерки да постигнат неочекувани резултати“, кажа Петличковски.

Портпаролот на комисијата д-р Злате Мехмедовиќ информираше дека мерката за моловите не е целосно укината и ќе го контролира влегувањето во делот каде што ќе биде служена храна, таму ќе мора да се покаже сертификат.

- Advertisement -

Комисијата истакна дека е неопходно да се зголеми опфатот на вакцинирано население, кој сега изнесува само 40 проценти, па затоа од денес започнуваат со кампања за вакцинација на граѓаните.

Фото – Hippopx

Сподели!
- Advertisement -