Шокантно откритие на ВВС – децата во мета универзумот се изложени на секс, расистички навреди и закани за силување

- Advertisement -

Новинарка на BBC News, која се претставила како 13-годишно девојче во мета универзумот на апликации била сведок на експлицитни материјали, расистички навреди и закани за силување во светот на виртуелната реалност.

Некои апликации во виртуелната реалност на мета универзумот се опасни сами по себе, предупреди британското Национално здружение за спречување на суровост над деца како одговор на истрагата на BBC News.

- Advertisement -

Детската добротворна организација NSPCC соопшти дека се шкирани и лути поради тоа откритие. Водителот на политиката за онлајн безбедност на децата, Енди Бороус, изјави дека истрагата пронајде токсична комбинација на ризици.

Таа новинарка, користејќи апликација на која најмалата дозволена возраст е 13 години, посетила соби во виртуелна реалност каде што аватари симулирале секс. Во собите биле прикажани секс играчки и кондоми, а на нејзиното виртуелно девојче му приоѓале многу возрасни мажи.

- Advertisement -

Мета универзумот е назив за сите игри и искуства до кои пристапуваат луѓе кои имаат опрема за виртуелна реалност. Технологијата, која претходно беше ограничена само на играње, би можела да се прилагоди за употреба во бројни полиња, од работа и игри до концерти и кина.

Марк Цукерберг е толку убеден дека мета универзумот е иднината на интернетот што дури и компанијата си ја преименуваше од Facebook во Meta. Meta инвестираше и милијарди долари во развој на уредот Oculus Quest за виртуелна реалност, кој сега е преименуван во Meta Quest, има дури 75% пазарен удел. Истиот уред го користела и новинарката BBC News за истражување на апликациите и делови од мета универзумот. Самата апликација, наречена VRChat, е виртуелна платформа која корисниците можа да ја истражуваат со своите 3Д аватари.

- Advertisement -

Иако апликацијата не ја направи Facebook, може да се преземе од продавницата со апликации на Facebook Meta Quest уредите без проверка на возраста, а единствениот услов е да имате профил на Facebook. Новинарката на BBC News така направила лажен профил за да отвори свој профил на апликацијата, а нејзинот вистински идентитет не бил проверен.

Во VRChat има и соби во кои корисниците можат да се сретнат. Некои се обични и секојдневни, како, на пример, ресторан на McDonald’s, но има и клубови со танчерки на шипки и стриптиз клубови. И се разбира, децата слободно се мешаат со возрасните.

Еден корисник и рекол на новинарката дека аватарите може да бидат голи и да прават неописливи работи. Други и зборувале за еротски игри со улоги. После истрагата на BBC News, NSPCC смета дека е неопходно подобрување на безбедноста на интернет. Децата се изложени на целосно несоодветни, навистина неверојатно штетни искуства, вели новинарката.

Бороус верува дека технолошките компании не научиле ништо од грешките направени со првата генерација на социјалните мрежи. „Ова е производ кој е опасен сам по себе поради превидите и занемарувањето. Гледаме дека производите се лансираат без никакви сугестии и без да се води сметка за безбедноста“ вели тој.

(BBC News)

(фото: VRChat)

Сподели!
- Advertisement -