Шпаркасе Банка – генерален спонзор на Интернационалниот струмички карневал

- Advertisement -

Tрадиционално и оваа година Шпаркасе Банка го поддржува Интернационалниот струмички карневал што ќе се одржи по 30-ти јубилеен пат. Ценејќи го значењето на оваа манифестација, со која се афирмираат културата, обичаите и долгата традиција, Шпаркасе Банка продолжува со постојана поддршка на културни и уметнички настани во Македонија.

Овој карневал што ја вклучува Струмица во големото семејство карневалски градови во светот е прогласен за најдобра културна манифестација од Министерството за култура, исто така ја позиционира земјава на меѓународната туристичка мапа.

- Advertisement -

Карневалските празнувања ќе траат осум дена. Главната карневалска вечер ќе се одржи на 5 март со скратена маршрута и во неа ќе учествуваат само домашни карневалски групи и поединци.

Секоја година манифестацијата Струмички карневал привлекува повеќе од триесет илјади посетители од земјава и од странство. Годинешниов Интернационален струмички карневал ќе се одржува во редуцирано издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од ковид-19.

Сподели!
- Advertisement -