Фајнанс Тинк: Во услови на неизвесност, нереални се изгледите за раст на македонската економијa

- Advertisement -

Проектираниот раст од четири проценти раст на македонската економија е нереален во услови на неизвесност околу времетраењето и интензитетот на руско-украинскиот конфликт сметаат од Фајнанс Тинк.

Руско – укранискиот воен конфликт ги стопи прредвудувањата за оќекуваниот раст на македонската економија проектиран на 4%. Речиси сите параметрина заздравување на економијата при крајот на 2021 година па и завршувањето на 2021 година со 4% раст на БДП укажуваа на очекуван натамошен раст и во оваа година но неизвесноста од времетраењето на војнито конфликт, како и драстичниот раст на цените на репроматеријалите и енергенсите дефинитвно покажуваат дека во вода паѓаат сите реални очекувања за ваков проектиран раст на макеоднската економија. Во својот најнов извештај фајнанс тинк смета дека оваа година изгледите за раст се изразите надолни заради што и проекциите за раст од 4% на БДП ги оценија како нереални.

- Advertisement -

-Неизвесноста во економијата се засили на почетокот на 2022 година, како резултат на зголемените притисоци од цените на храната и енергијата на глобално ниво. Притисоците врз цените и изгледите за растот дополнително се влошија со инвазијата на Руската Федерација врз Украина на 24 февруари 2022, оценува Фајнанс Тинк во Макроекономскиот монитор К4 2021 што го објави денеска.

Во публикацијата фајнанс тинк се истакнува дека во четвртиот квартал од 2021 година БДП во земјава се зголеми за 2,3 проценти на годишна основа, со што целата 2021 година заврши со раст на БДП од 4 отсто. Според дејности, растот произлегува од подобрите остварувања кај услугите, и посебно оние кои беа под директен удар на пандемијата: трговијата, транспортот и хотелиерството за 9,2 % Додека, падот на преработувачката индустрија од -4,8 % продолжи поради изразените неизвесности сврзани со глобалните пазари на стоки и импликациите за синџирите на снабдување. Извозот со 1,8 % бележи стагнација, но бруто инвестициите од 21,1 насто бележат значајно закрепнување.

- Advertisement -

Фото – Piqsels

Сподели!
- Advertisement -