Виза и Мастеркард ги прекинаа операциите во Русија

- Advertisement -

„Виза“ и „Мастеркард“ објавија дека ќе го прекинат бизнисот во Русија поради инвазијата на земјата врз Украина.

„Виза“ на 5 март соопшти дека ќе ги прекине трансакциите „во наредните денови“ и дека соодветно на тоа картичките издадени во Русија нема да работат во странство, како и дека картичките издадени во странство нема да работат во Русија.

- Advertisement -

„Принудени сме да дејствуваме по неиспровоцирана руска инвазија на Украина и неприфатливите настани на кои бевме сведоци“, рече Алфред Кели – претседател и извршен директор на американската компанија за дигитално плаќање „Виза“.

„Мастеркард“ издаде слична забрана, наведувајќи дека картичките издадени од руските банки повеќе нема да ја поддржуваат нејзината мрежа.

- Advertisement -

Компанијата со седиште во САД додаде дека секоја „Мастеркард“ картичка издадена во странство нема да работи кај руските трговци или банкомати.

„Повеќе од една недела, светот ги гледа шокантните и разорни настани кои произлегоа од руската инвазија врз Украина. Нашите колеги, нашите клиенти и нашите партнери беа погодени на начини на кои повеќето од нас не можат ни да замислат“, велат од „Мастеркард“.

- Advertisement -

Украинската влада претходно ги повика финансиските компании да го прекинат работењето во Русија. Претседателот Володимир Зеленски ги повика компаниите да ја преземат оваа акција за време на неговите разговори со американските членови на Конгресот на 5 март.

Извор – Слободна Европа

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -