Државата губи неколку милиони евра од компании кои не плаќаат за селекција и собирање на нивниот амбалажен отпад

- Advertisement -

Околу 35 до 40 проценти од амбалажниот отпад кој се создава во Северна Македонија е од компании кои не плаќаат никаде за селекција и собирање на нивниот амбалажен отпад. Тоа е над 1,5 милиони евра помалку секоја година доколку тие средства би се вложиле во системите, додека за буџетот тоа е неколку пати повеќекратна штета, соопштија од „Пакомак“.

Оттаму истакна дека сите компании кои произведуваат или увезуваат производи во Северна Македонија, должни се да се приклучат кон систем со кој отпадот од амбалажата на нивните производи ќе се собере и однесе на рециклирање или енергетско искористување.

- Advertisement -

„Пакомак“ од самиот почеток на формирањето апелира пред се до инспекциите да ги стават во законска рамка овие компании.

– Тоа и не е така тешко ако се има волја да се направи, особено што сега постојат законски предуслови за тоа. Контрадикторно е кога некој како директор или сопственик на компанија не сака или ескивира да плаќа за отпадот кој го создава со работењето на неговата компанија, а потоа таа иста личност е гласна во барањата за почиста животна средина и се жали на институциите!? Кога секој директор ќе размислува како општествено одговорен граѓанин кој си ја сака земјата и природата во неа, тогаш ќе ја немаме и оваа појава на евазија на давачките за екологија. Акт на најголем патриотизам е токму грижата за животната средина, нагласија од „Пакомак“.

- Advertisement -

Оттаму наведоа дека во 2011 година кога почнале со работа, „Пакомак“ во својот систем собрал околу 6.900 тони различен отпад од пакување, претежно хартија.

– Тогаш стапката на рециклирање на нашиот систем беше 12,8 проценти во однос на тоа колку компаниите пријавиле дека пуштиле амбалажен отпад на пазарот. Во 2019, 2020 и 2021 просечно собираме околу 25.000 тони отпад од пакување и имаме стапка на рециклирњае од 55-60 проценти во однос на пуштениот отпад од пакување од компаниите кои се наши членки. Радува што освен рециклирање на хартијата, расте собирањето и рециклирањето на пластиката, стаклото и алуминиумските лименки. Во следниот период ќе се фокусираме на овие 3 фракции. Со поставување на повратните вендинг машини во многу поголем број до 2025, очекуваме да ги достигнеме амбициозните национални цели кои се поставени пред нас, изјавија од „Пакомак“.

Сподели!
- Advertisement -