Цилиндричен безжичен полнач може да ги полни сите уреди поставени околу него

- Advertisement -

Постојните безжични полначи емитуваат електромагнетно поле само во една насока и со тоа го ограничуваат бројот на уреди кои може да се полнат одеднаш. Експериментален нов полнач произведува поле во форма на прстен, кој овозможува истовремено полнење на повеќе уреди.

Досега имаше повеќе обиди да се создаде полнач кој емитува поле во повеќе правци, но тие решенија или не беа практични за широма употреба или се премногу комплицирани и скапи за комерцијализација.

- Advertisement -

Истражувачот Нам Ха-Ван со неговиот тим на финскиот Универзитет Алто создаде поедноставна, поевтина и многу финкционална алтернатива. Системот има цилиндрична форма и емитува поле на сите страни.

Бидејќи струјата тече низ намотките во спротивни правци, се произведуваат комплементарни магнетни полиња. Едното поле излегува од средината на цилиндарот, околу горната намотка и назад низ врвот, додека другото околу долната намотка и назад низ дното“ објаснуваат од Универзитетот.

- Advertisement -

Резултатот е магнетно поле во форма на прстен, кое го опкружува цилиндарот. Сите електронски уреди поставени каде било во тој прстен ќе се полнат ефикасно, без оглед на нивната ориентација или положба, а јачината на полето е во распон кој е безбеден за луѓе.

Научниците сега работат на зголемување на јачината, истовремено осигурувајќи се дека ги задоволуваат стандардите за безбедност. Трудот за истражувањето неодамна беше објавен во списанието IEEE Transactions on Industrial Electronics.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -