5G мрежата на Телеком достапна и во Скопје

- Advertisement -

Македонски Телеком продолжува да ја шири 5G мрежата низ државата. По успешниот старт на првата комерцијална 5G мрежа во 15 градови и нивните околини, 5G мрежата ќе биде достапна и во Скопје.

5G е веќе активна во „East Gate Mall“ во Скопје, како и во населбите Ченто, Маџари, Автокоманда, Железара, Керамидница и Хиподром, a до крајот на март 2022 ќе биде достапна и во следните скопски региони: Радишани, Бутел, Шуто Оризари, Чаир, Топанско Поле, Бардовци, индустриската зона Визбегово-Качанички Пат, Ѓорче Петров, Даме Груев, Хром, Долно Нерези, Влае, Злокуќани, Карпош 4, Карпош 3, Момин Поток, Тафталиџе 2 и Трнодол. До мај 2022, Скопје целосно ќе биде покриено со 5G сигнал.

- Advertisement -

До крајот на годината, 26 градови во Македонија ќе бидат покриени со опрема од најновата генерација.

Македонски Телеком овозможи користење 5G услуги паралелно и во комбинација со 4G, со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции. Мрежата е подготвена да овозможи супер брз гигабитен мобилен интернет, веднаш по завршувањето на процесот за доделување радиофреквенции за радио опсезите на 700MHz и 3.6GHz од страна на АЕК.

- Advertisement -

5G ќе имаат корисниците коишто се наоѓаат во градовите што се покриени со 5G, во согласност со тарифите што ги користат, и коишто имаат соодветно сертифицирани 5G уреди.

Сите информации за покриеноста на територијата, тарифите, уредите, како и детали за можностите на оваа технологија можете да најдете на следниот линк.

Сподели!
- Advertisement -