Земјите од целиот свет се борат да ја намалат својата зависност од руската нафта, но малкумина се погодени како Европската унија. ЕУ снабдува околу 40% од гасот од Русија. Според пресметките на истражувачката група Transport & Environment, тоа ги чини околу 118 милиони долари дневно.
Но, ЕУ сега претстави нова стратегија за да се намали зависноста од руската нафта за 2/3 до крајот на годинава. Планот REPowerEU има за цел да ја направи Европа независна од руските фосилни горива до 2030 година, но првично се фокусира само на гасот.
Стратегијата предлага пронаоѓање алтернативни извори на гас во текот на наредните неколку месеци и зголемување на енергетската ефикасност, истовремено дуплирајќи ги зелените извори на енергија на среден или долг рок.
„Многу е тешко, но изводливо е ако сакаме да напредуваме подалеку и побрзо отколку порано“ изјави потрпетседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс.
Со новиот предлог на Комисијата ќе стане законска обврска за земјите на ЕУ да се осигураат дека имаат минимум залихи на гас. Целта е залихите на гас до наесен да се зголемат на 90% од 30% колку што се сега. Се дискутира за набавка на гас од Норвешка, Алжир или Азербејџан.
Ако се оди според планот, многу порано до 2030 година земјите на ЕУ ќе станат независни од фосилните горива на Русија.
(BBC)
(фото: Pxfuel)