New York Times прв пат во 100 години нема да има свои новинари во Русија

- Advertisement -

New York Times нема да има новинари на терен во Русија по прв пат во 100 години откако таа новинска организација им се приклучи на медиумите кои се повлекуваат од земјата после носењето на спорниот руски закон за известување.

Руските власти, како што пренесува The Guardian, го оневозможија известувањето од земјата кога неодамна опишувањето на руската инвазија во Украина го карактеризираа како кривично дело. На тие кои ќе сторат такво кривично дело им следува казна затвор до 15 години.

- Advertisement -

Како резултат на тоа, руските медиуми беа присилени да се затворат, додека глобалните новински организации ги повлекуваат своите тимови поради ризикот од апсење.

Овој потег следуваше откако многу други западни медиуми, како CNN, Bloomberg, BBC, рекоа дека нема повеќе ја објавуваат извештаи од Русија поради закана дека ќе бидат кривично гонети поради изветувањето за нападите. Од BBC вчера изјавија дека после внимателно разгледување на ситуацијата, ќе продолжат со известување на англиски јазик од Русија.

- Advertisement -

Бившиот шеф на московската редакција на New York Times, Нил Мекфаркјухар, напиша на социјалните медиуми дека Рурисја отсекогаш се сметала за битна земја и битна приказна, но со неодамнешните активност ја уништиле таа долга традиција.

Во Русија имавме новинари непрекинато од 1921 година, со еден или два кратки прекини поради проблеми со визниот режим. Ни Сталин, ни Студената војна, ништо не не избрка оттаму“ напиша Мекфаркјухар.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фотo: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -