SpaceX лансираше 48 нови Starlink сателити во земјината орбита

- Advertisement -


Компанијата SpaceX лансираше група од 48 нови сателити за интернет мрежата Starlink, иако американската вселенска агенција НАСА предупреди дека тоа може да ја загрози можноста на научнат заедница да открие катастрофалена стероид кој евентуално би доаѓал кон Земјата.

SpaceX новите сателити ги лансираше вчера со помош на ракетата Falcon 9, која полета од Флорида, а првата фаза успешно се врати на Земјата и слета на дрон-бродот A Shortfall of Gravitas.

- Advertisement -

Минатиот месец НАСА испрати писмо од 5 страници до Федералната комисија за комуникација, во кое детално наведоа зошто се противат на плановите на SpaceX да испрати над 30.000 Starlink сателити во орбитата. Во тоа писмо научниците од НАСА истакнаа дека толкав број на сателити може да донесе дополнителен ризик од судир со остатоци и тоа е базирано на одреден број предмети. НАСА предупреди и дека сателитите ќе имаат негативно влијание на можноста за откривање и можно пренасочување на потенцијално катастрофални судири.

Сепак, и покрај загриженоста на НАСА, SpaceX со полна пареа ги реализира своите планови за Starlink, а компанијата има и дополнителна поддршка од јавноста поради помошта за Украина. SpaceX минатата недела пренасочи дел од својата флота Starlink за да им овозможи пристап до Интернет на Украинците без комуникациска инфраструктура. Првиот човек Елон Маск предупреди дека корисниците би можеле да станат “мета“ поради користење на Starlink услугата.

Неколку мига пред лансирање на Фалкон 8, директорката за лансирање на SpaceX Џулиа Блек рече дека е време “да полетаат американските мели и да се слушне звукот на слободата“. Рогозин рече дека кратко потоа Русија за запре продажбата на своите ракетни мотори на американски компании , како одговор на воведените економски санции кон Русија.

- Advertisement -

“Нови 48 Starlink сателити се во орбитата“, потврди Маск по лансирање на ракетите. Space X досега испрати во орбитата повеќе од 2.000 Starlink сателити од 2019 година, а има дозвола за лансирање на уште 12.000. Во моментов компанијата чека одобрени за лансирање на дополнителни 30.000 сателити. SpaceX разви VisorSats систем кој ја намалува рефлексијата на сончевата светлина од сателитите.

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -