Руската регулаторна агенција за медиуми Роскомнадзор соопшти дека Instagram ќе биде блокиран во земјата поради повикување на насилство против руските војници. Компанијата Meta, во чија сопственост е и платформата, Instagram соопшти дека ќе им дозволи на корисниците во одредени земји да повикуваат на насилство против рускиот претседател Владимир Путин и против руските војници. Тоа значи дека привремено ќе дозволи некои насилни постови како „смрт за руските натрапници“, што инаку ги крши правилата на Instagram.
Меѓутоа, нагласено е дека нема да се толерира повикувањето на насилство против руски цивили. Русија одговори на промената на политиката на компанијата Meta и ги повика САД да ги стопираат „екстремистичките активности на социјалните медиуми“.
Денес канцеларијата на рускиот генерален обвинител повика на истрага против компанијата Meta и се повика на руските закони за пропаганда и екстремизам. Од регулаторното тело Роскомнадзор е побарано да го оневозможи пристапот до Instagram поради ширење информативни материјали кои содржат повици на насилство против Русите, вклучувајќи ја и војската.
Роскомнадзор на 4 март соопшти дека ќе го блокира пристапот до Facebook во Русија поради дискриминација на руските медиуми. Како што е познато, Meta е сопственик на Instagram и Facebook, но и до WhatsApp, кој уште не е блокиран во русија затоа што тоа е апликација за допишување, а не социјална мрежа.
(Klix.ba)
(фото: Pixa Hive)