Илон Маск на Twitter објавува се и сешто. Некогаш најавува нови проекти, некогаш прави анекти и бара да слушне мислење од следбениците, некогаш пишува свои ставови за актуелни теми, а многу често е критикуван за што и да напише.
Неодамна тој напиша објава за храната од зоните со висока радијација. Во екот на руската инвазија над Украина и борбата на западниот свет за независност од руските енергенси, Маск ги повика европските нации да размислат за нуклераната енергија.
Најголем дел од земјите членки на ЕУ веќе се трудат да ги заменат фосилните горива со поддржливи алтернативи како ветрот и соларната енергија. Нивните планови треба да се реализираат во период од неколку децении, а конфликот меѓу Русија и Украина ги натера забрзано да бараат алтернативни решенија.
Затоа, Маск напиша дека е национален и интернационален ризик по безбедноста да се отфрли нуклеарната енергија како можно решение и ги повика европските земји да ја користат нуклеарната енергија за своите потреби уште некое време, а може дури и да ги рестартираат неактивните нуклеарни централи.
Маск пишуваше и за ризикот од радијација. Тој во 2011 година го посетил регионот Фукушима. Бил на 37 км од местото на нуклеарната несреќа и поставула систем за соларна енергија. Веројатно јадел и јапонска храна одгледана во регионот со покачена, но контролирана радијација.
Сепак, можеби заборавил дека вистинската опасност е моменталната изложеност на радијација, што беше случајот со несреќата во Чернобил, која 6 милиони луѓе беа директно изложени на радијација, а ефектите од несреќата може да се видат и денес.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)