Зејтинот во Косово најскап во светот

- Advertisement -

Цените на сончогледовиот зејтин во Косово и Метохија последните денови ерномно растат, а во некои маркети во Грачаница може да се најде и за 3,8 евра за литар. Цената на зејтинот до минатата среда се движеше од 1,7 до 1,8 евра за литар, а сега е повеќе од дупло повисока.

Во некои маркети во Приштина цените на зејтинот се движат околу 3,5 евра, во зависност од производителот, а може да се купат најмногу четири литри. Значително пораснаа и цените на другите основни продукти како брашното, шеќерот, млекото.

- Advertisement -

Премиерот на Косово, Ајлбин Курти, вели дека цената на зејтинот во Косово е највисока во светот.

Цената на зејтинот овде моментално е највисока во светот. Тоа се надуени цени креирани од човечки фактор, а не се резултат на објективната ситуација на терен“ вели Курти.

- Advertisement -

Тој смета дека цената од 3,5 евра за литар е неразумна и да биде идентична во сите маркети во Косово не е случајност, затоа што трговците на тој начин сакаат да покажат дека ситуацијата е последица на настаните во Украина.

(Beta)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -