Конференцијата за женското претприемништво „Од марш за работнички права до дигитална економија“

- Advertisement -

Конференцијата за женското претприемништво „Од марш за работнички права до дигитална економија“ се одржи денеска во Скопје во организација на Центарот за управување со промени под покровителство на првата дама, Елизабета Ѓоргиевска.

Во време на дигитална ера и потенцијлен развој на дигитална економија, дигиталниот јаз меѓу мажите и жените се повеќе ќе се зголемува. Оваа конференција е повик за будење во корист на активните политики за родова еднаквост и креирање на овозможуачка околина која ќе отвори нови можности за економски развој и зајакнување на жените во Република Северна Македонија во оваа сфера, потенцираше Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), со што ја отвори денешната конференција „Од марш за работнички права до дигитална економија“ во Скопје.

- Advertisement -

Главниот предизвик во иднина ќе биде прашањето како, да се искористат можностите што ги дава дигиталната револуција и, од друга, да се минимизираат ризиците жените да заостанат во овој процес. Оттука, мора да работиме на структурни промени и ка креираме јавни политикии и стратегии кои ќе овозможат поголема еднаквост и еднакви можности на мажите и жените во дигиталната сфера – додаде Малеска Сачмароска.

Настанот беше под покровителство на сопругата на претседателот на Република Северна Македонија г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска која им се обрати на присутните. По неа говореа и поддржувачите на настанот Ерик Јановски, претставник на канцеларијата на УСАИД во земјава.

- Advertisement -

На конференцијата се обратија моќни жени од различни институции, компании и здруженија од земјава. Целта на настанот беше да се влијае на зајакнување на женското претприемништво преку дискусија за постоечките мерки за поддршка на женското претприемништво и потребата за владина поддршка преку креирање на сет мерки за зајакнување економската улога на жената и дигиталната трансформација на женските бизниси.

На првиот панел „Политики за поддршка на женско претприемништво“ кој го модерираше извршната директорка на ЦУП учество земаа Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Размена Чекиќ – Дуровиќ, државен секретар во Министерство за економија, Нина Ангеловска, претприемачка и претседателка на Асоцијација за е-трговија и eTrade for Women Advocate на UNCTAD и Валентина Дисоска, претседателка на здружение на бизнис жени.

- Advertisement -

На вториот панел „Дигитализацијата како предизвик за градење на успешни женски бизниси“ го модерираше Јасна Пајковска, проектна координаторка во ЦУП а учество земаа Анета Пешева, претседателка на МАСИТ, Валентина Тасева, директорка на СЕМОС Едукација, Ирена Поповиќ, софтверски инженер и косопственичка на СОЛС, Катарина Милошевска, косопственичка и директорка на Инфоверсe, Весна Иваноска, директорка на СЕАВУС едукативен и развоен центар, Весна Кузмановиќ, сопственичка на “Стратиум Рид” и Викторија Дранговска – Извршна директорка и косопственичка на CodeIT.

Конференцијата беше дел од проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ поддржан од Balkan Trust for Democracy и USAID.

Сподели!
- Advertisement -