Русија остана без уште една социјална мрежа

- Advertisement -

Во Русија од денес е оневозможен пристап до Instagram, социјалната мрежа во сопственост на американскиот технолошки гигант Metа, откако компанијата на Марк Цукерберг дозволи говор на омраза и повици на насилство против Русија поради судирите во Украина.

Рускиот регулатор на телекомуникации Роскомнадзор на Instagram стави список со страници до кои е ограничен пристапот, а иста судбина имаат и Facebook и Twitter. Meta пред три дена објави дека Facebook и Instagram на своите корисници во некои земји ќе им дозволат повици на насилство насочени кон Владимир Путин и кон руските војници.

- Advertisement -

Од Metа велат дека привремено го дозволиле она што е карактеризирано како говор на омраза, како што се изразите „смрт за руските окупатори“, што инаку ги крши правилата на овие социјални мрежи.

Во одговорот на тој потег Русија ги повика САД да ги стопираат екстремистичките активности на тие компании. Објавата стигна откако Reuters ги објави интерните пораки на Metа, во кои се истакнува промена во политиката на компанијата.

- Advertisement -

„Во екот на инвазијата врз Украина направивме привремен исклучок од правилата за сите кои се погодени од војната да ги изразат своите чувства кон окупаторските воени сили“ вели портпарол на Metа за BBC.

Според новите прописи, корисниците во Русија, Украина и Полска исто така ќе можат да му посакуваат смрт на рускиот претседател Владимир Путин и на неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.

- Advertisement -

Додаваат дека таквите објави нема да бидат забранети ако притоа не содржат некои други цели или не вклучуваат некакви локации и методи. Повикот на насилство, исто така, ќе се дозволи во објавите кои јасно се однесуваат на инвазијата во Украина.

Од друга страна, инфлуенсерите од Русија кои ги користат социјалните мрежи како главно средство за работа остануваат без каналите на комуникација со своите следбеници, но и без финансиските средства кои би ги заработиле со објавата на видеа.

(Zimo)

(фото: Pixahive)

Сподели!
- Advertisement -