Илон Маск ја зголеми цената на своите електрични автомобили

- Advertisement -

Илон Маск е познат по своите контроверзни објави на Twitter, но честопати таму ги најавува своите планови. Така, неодамна на Twitter напиша дека Tesli и SpaceX сведочат на голема инфлација, а неколку дена потоа Tesla ги смени цените на своите автомобили.

Уште пред неговата објава на Twitter минатата недела цената за моделите со батерии со голем капацитет порасна за 1.000 долари, а неделава во зависност од моделот, цените се зголемени за дополнителни 2.000-10.000 долари.

- Advertisement -

Така, цената на најевтиниот модел во САД, Model 3, со заден погон, сега е поголема за 2.000 долари и изнесува 47.000 долари, додеја моделот со два мотори и погон на сите четири тркала освен поскапувањето од 1.000 долари минатата недела, сега е поскап за дополнителни 2.500 долари и чини 54.500 долари. Model 3 Performance е поскап за 3.000 долари и чини 62.000 долари, додека Model Y сега чини 63.000 долари, односно неговата верзија Performance сега чини 68.000 долари.

Поскапеа и флегшип моделите на Teslа, и тоа Model S за 5.000 долари, односно 10.000 долари за Model X. Нивната почетна цена сега изнесува 100.000, односно за Model X 115.000 долари.

- Advertisement -

Новите цени се однесуваат само за новите нарачки на автомобили, додека тие кои претходно нарачале Teslа автомобил ќе си платат пониски цени.

(Elektrek)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -