Научници направија вештачка мрежница која детектира светлина како човечкото око!

- Advertisement -


Научниците направија нова мрежница која се базира на минералот калциум-титан-оксид под името перовскит. Истражувачите во КАУСТ (King Abdullah University of Science and Technology) во Саудиска Арабија направија вештачка мрежница која е во состојба да ја детектира светлината на сличен начин како човечкото око. Во тестовите овој уред можел да препознае и рачно напишани броеви.

Очите на луѓето функционираат благодарение на фоторецепторските клетки во мрежницата кои ги апсорбирааат дојдовните фотони и праќаат електрични сигнали во мозокот. За новата струдија, истражувачите од КАУСТ одлучиле да го имитираат тој процес во вештачкиот уред.

- Advertisement -

Клучната состојка е перовскит, материјал кој е многу ефикасен во абсорбција на светлината и како таков се јави како предводник во следната генерација соларни ќелии. Во овој случај, тимот ја искористи таа способност на материјалот за да направи сензор. Нанокристалите на первскитот беа вградени во полимер а потоа тој слој се вметна во сендвич меѓу две електроди. Горната електрода беше врежана за светлината да може да помине до слојот на перовскит создавајќи низа на фоторецептори. Изградени на полиамидна подлога која овозможува уредот да се свиткува во потребната форма, како што е формата на човековата мрежница.

И покрај биолошката инспирација, оваа вештачка мрежница најверојатно нема да биде користена за човечка трансплантација, туку во следната фаза од развој овој уред ќе се користи за изработка на напреден систем за гледање во камери и роботи.

- Advertisement -

Крајната цел на нашето истражување е да развиеме ефикасни невроморфни сензори за вид за изградба на ефикани камери за примена на компјутерски вид“, рече Калед Небил Салама, лидер на ова истражување. “Постоечките системи користат фотодетектори кои бараат сила за оваа работа и затоа трошат многу енергија. За разлика од нив, фоторецепторите кои ги предложивме се уреди кои не трошат статичка сила за својата работа“.

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -