Netflix ќе го наплаќа споделувањето лозинки

- Advertisement -

Иако споделувањето на лозинки за пристап до Netflix помеѓу различни домаќинства е забрането, дел од корисниците го прават тоа и така ги делат трошоците за претплатата. Тимот на Netflix е свесен за тоа и претходно веќе се обидоа да воведат некои промени за да ја спречат таа пракса. Сега се одлучија на нов чекор со кој ќе овозможат споделување на лозинките, но за одреден надомест.

Со тестирање на таа опција почнуваат во три земји во текот на идните недели – Чиле, Костарика и Перу, чии претплатници ќе добијат можност за додавање нов член (од различно домаќинство) во постоечки претплатнички модел. Опцијата ќе биде достапна за корисниците на стандард и премиум планови на Netflix, а тие ќе може да додадат по два нови членови. Секој од тие додатни планови ќе има сопствен профил, односно сопствени препораки и сопствени податоци за пријавување на профил.

- Advertisement -

Но, додадавњето нов член нема да биде бесплатно. Според информациите на мрежата, цената на користење на таа опција ќе изнесува околу 3 долари месечно. Ќе биде интересно да се види дали после почетокот на тестирањето таа опција корисниците ќе одлучат да ја плаќаат или ќе продолжат да споделуваат податоци за нивните профили со луѓе кои не живеат во истото домаќинство. Ако тестот се покаже успешен, веројатно можеме да ја очекуваме опцијата на други пазари.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pixa Hive)

Сподели!
- Advertisement -