ВИДЕО: Овие Тунизијки го менуваат светот на пчеларството

- Advertisement -

Овие жени го поплочуваат патот за жени одгледувачи на пчели во Тунис и им помагаат на маргинилизираните жени да изградат сопствени бизниси.

Марием Черни дала отказ од своето работно место во индустријата за нафта со цел да основа мала фарма за пчели, но наишла на многу тешкотии во остварувањето на својата пасија.

- Advertisement -

Најпрвин, проблем биле финансиите, затоа што таа не поседува сопствена земја, а потоа и третманот кој го добивала од мажите колеги со иста професија.

Не ме сфаќаа сериозно и многу од нив ми се смееја. Ми велеа ти си жена, како ќе работиш сама? Како ќе носиш тешки работи, како ќе ги преместуваш пчелините семејства, како ќе одиш во планина? Истите тие што ми се смееја сега бараат совети од мене. Тоа е една од работите на кои сум навистина горда“, вели Черни.

- Advertisement -

Само 4% од жените во Тунис имаат бизниси на полето на агрикултурата, додека 94% од сопствениците на земјоделски бизниси се мажи. Черни со неколку колешки ја основале иницијативата Beе Treasures со цел да ги спасат маргинализираните жени во општеството и да ги научат како да станат професионални пчелари.

„Само затоа што се жени не значи дека мора да седат дома. Не, тие мора да имаат успешни бизниси“ велат некои од жените пчелари.

- Advertisement -

Средниот Исток и Северна Африка имаат најголем јаз меѓу половите. Таму се наоѓаат шест од топ 10 земји со нееднакви примања за мажите и жените. Додека само една третина од жените таму работат, а само една петтина од менаџерите се жени, 13 од вкупно 19 земји во регионите покажуваат знаци на подобрување.

(World Economic Forum)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -