После Instagram и Facebook, Русија можеби ќе го блокира и YouTube

- Advertisement -

На руските корисници повеќе не им се достапни Facebook и Instagram, а изгледа дека иден сервис кој може да се најде на нивната црна листа е YouTube. Имено, регулаторната агенција на Русија предупреди дека на YouTube се шират огласи во кои се повикува на прекин на комуникациските системи на руската и блоруската железница и од Google побараа да ги отстранат од видеосервисот.

„Потезите на администрацијата на YouTube се од терористичка природа и се закануваат по животот и здравјето на руските граѓани“ изјавија од Роскомнадзор и додадоа дека тоа е уште еден доказ за антируското расположение на aмериканските технолошки компании. Не е познато за какви огласи и видеа станува збор, но според информаците од доверливи извори, Google ги отстранил истите после предупредувањето.

- Advertisement -

Откако ги блокираат каналите на руските медиуми YouTube се наоѓа под голем притисок на политичарите и на Роскомнадзор, а според наводите на некои државни руски медиуми, изгледа дека најпопуларниот видеосервис во светот уште нареднава недела може да биде блокиран во земјата.

На ситуацијата со американските технолошки компании се осврна и поранешниот руски претседател Дмитри Медведев, кој изјави дека неговата земја ги има сите потребни алатки за развој на сопствени платформи и дека едностраната игра во која западните компании ги контролираат информациите не може да продолжи.

- Advertisement -

После блокадата на Facebook и Instagram се зголеми популарноста и бројот на корисници на руската социјална мрежа VKontakt, која честопат се нарекува и руски Facebook, додека руските девелопери најавија и развој на локална социјална мрежа наречена Rossgram, која треба да го замени Instagram. Исто така, руските политичари ги повикаа граѓаните своите водеа од YouTube да ги префрлат на нивниот RuTube, а уште од минатата година достапна е и нивната конкуренција на TikTok – апликација и социјална мрежа за споделување видеа наречена Yappy.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -