Бактерии ќе им овозможат на луѓето да дишат на Марс

- Advertisement -

НАСА во соработка со други водечки вселенски агенции има за цел да ги испрати луѓето на Марс на почетокот на 2030 година, додека компаниите како SpaceX тоа може да го направат и порано. На астронаутите на Марс ќе им треба кислород, вода, храна и други потрошни материјали. Тие тоа ќе мора да го набавуваат од Марс, затоа што увозот од Земјата на долг рок би бил непрактичен. Но, изгледа дека научници пронајдоа решение.

Во студија објавена во списанието Frontiers in Microbiology научниците по прв пат покажаа дека цијанобактеријата Anabaena може да се одгледува само со локални гасови, вода и други хранливи материи и под низок притисок. Тоа значително го олеснува развојот на биолошки системи за одржување во живот на Црвената планета.

- Advertisement -

„Овде покажуваме дека цијанобактериите може да користат гасови достапни во атмосферата на Марс при низок притисок како извор на јаглерод и азот. Во тие услови цијанобактериите ја задржуваат својата способност да растат во вода која содржи само прашина слична на прашината на Марс и која уште може да се користи за хранење на други микроби. Тоа може да помогне долгорочните мисии на Марс да станат одржливи“ вели главниот автор на студијата, д-р Циприен Версо, астробиолог кој ја води Лабораторијата за применета вселенска микробиологија во Центарот за вселенска технологија и микрогравитација на германскиот Универзитет на Бремен.

Цијанобактериите долго време се гледаа како кандидати за биолошка поддршка на животот во вселенските мисии со оглед на тоа дека овој вид бактерии произведуваат кислород со фотосинтеза, додека некои можат да го фиксираат атмосферкиот азот во некои хранливи материи. Тепкотијата е во тоа што не можат да растат директно во атмосферата на Марс, каде што вкупниот притисок е помал од 1% од тој на Земјата, односно е пренизок за присуство на течна вода, додека парцијалниот притисок на гасовитиот азот е пренизок за нивниот метаболизам.

- Advertisement -

Но, копирањето на атмосферата од Земјата би било скапо. Гасовите треба да се увезуваат, додека системот на културите треба да биде робустен, што значи тежок товар, за да се баласнира разликата во притисоците.

„Замислете еден ескпрес лонец“ појаснија кратко и јасно научниците. Затоа ите барале една средина – атмосфера блиска на Марс, која овозможува добар тест полигон за цијанобактериите. За да пронајдат такви услови тие го развиле биореакторот Atmos (скратено од Atmosphere Tester for Mars-bound Organic Systems), во кој цијанобактериите може да се одгледуваат во вештачка атмосфера при низок притисок.

- Advertisement -

(Eurek Alert)

(фото:Flickr)

Сподели!
- Advertisement -