Подводниот интернет кабел Equiano на Google ќе ја поврзе Европа со Того

- Advertisement -


Првата гранка од подводниот интернет кабел на Google наречен Equiano има за цел поврзување на Того со Европа. Кабелот Equiano на крај ќе се протега од Кејптаун во Јужна Африка до Лисабон во Пртугалија, а сега неговата прва гранка стигна во Ломе во Того.

Масивниот оптички кабел ќе биде првиот интернет кабел на Google од Африка до Европа, а се очекува да овозможи поврзување на интернет на милиони луѓe од двата континенти. Ова ќе биде особено битно за Того, каде што денес околу 75% од луѓето немаат пристап на интернет.

- Advertisement -

Кабелот ќе испорача 20% поголем капацитет на интернет во регионот.Google почна значајно да инвестира во подводни кабли пред речиси 10 години, а првиот проект наречен Unity, кој се протега од Чикура во Јапонија до Редондо Бич во Калифорнија е во функциа од 2010 година.

Google досега има инвестирано во вкупно 19 подводни, односно подморски кабли, а најнвоиот комплетиран проект Dunant е во функција од јануари 2021 година и ги поврзува Вирџинија Бич и францускиот брег.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Picryl)

Сподели!
- Advertisement -