АмЧам Трговска мисија – Нов импулс во трговските односи на двете соседни земји

- Advertisement -

АмЧам Северна Македонија и АмЧам Грција, со посредство и поддршка од амбасадите на САД во Скопје и Атина – ја организираа својата прва трговска мисија, наречена “Business Beyond Borders” на компании од Република Грција во Република Северна Македонија. На настанот учество земаа околу 60-тина претставници од македонската и грчката бизнис заедница, а беа организирани и околу 40 (B2B и B2G) состаноци.

Во своето воведно обраќање, претседателот на одборот на директори на Американската стопанска комора во Северна Македонија, г-дин Драган Давитков, овој настан го оцени како „исклучителна можност” која ќе придонесe за зајакнување на економските односи помеѓу двете земји, истовремено поттикнувајќи лични пријателства, долгорочни партнерства и секако, размена на искуство и знаење помеѓу членките на двете АмЧам организации.

- Advertisement -

Неговиот колега г-дин Николаос Бакатселос, претседател на Американско-грчката стопанска комора, ги пофали напорите на Северна Македонија за привлекување на грчките инвеститори, истакнувајќи го нејзиното значење како „порта за Грција кон пазарите на Европа“.

Амбасадорот на САД во Северна Македонија, г-ѓа Кејт Мари Брнз, го истакна своето задоволство од одржувањето на настанот и го нарече  јасен доказ за напредокот во односите помеѓу Северна Македонија и Грција во периодот пост Преспанскиот договор. Таа исто така посочи дека Северна Македонија е позиционирана за да биде срцето на трговијата на Балканскиот регион и дека со ваквиот тип на прогресивни соработки „се поставуваат темелите на идниот долгорочен мир и развој на регионот“.

- Advertisement -

Заменик-шефот на дипломатската мисија на Амбасадата на Грција во Скопје, г-ѓа Џина Андреади, потенцираше дека трговската мисија не само што отвара простор за засилена билатерална соработка помеѓу Грција и Северна Македонија, туку и овозможува трилатерална соработка на двете страни со Соединетите Американски Држави.

Вицепремиерот за економски прашања во Владата на Северна Македонија, г-дин Фатмир Битиќи, како активен поддржувач на трговската мисија уште од нејзините почетни фази, истакна дека „сведочиме на полниот потенцијал на едно големо пријателството“, посебно осврнувајќи се врз можностите и поволностите кои Северна Македонија им ги нуди на странските инвеститори и презентирајќи дел од активностите со кои државата се позиционира на картата на најдобри инвестициски дестинации во регионот.

- Advertisement -

На настанот присуствуваше и заменик-шефот на дипломатската мисија на Амбасадата на САД во Атина, г-дин Дејвид Бургер, кој, нагласувајќи ја улогата на САД во засилувањето на соработката во регионот, го изрази своето задоволство од улогата на двете АмЧам организации при создавањето на „регионална економска синергија“, потенцирајќи ја важноста на Солун и солунското пристаниште за трговијата и економскиот развој на двете земји.

Составен дел од форумскиот дел на трговската мисија беше презентацијата и Q&A сесијата за инвестициските можности достапни во нашата земја од страна на членови на Кабинетот на Вицепремиерот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија.

Во рамки на Трговската мисија се организираа директни B2B средби меѓу компании од Грција и Северна Македонија кои дејствуваат во неколку различни сектори и се оствари посета на компаниите Пивара и Arc Automotive во состав на ТИРЗ Бунарџик.

Сподели!
- Advertisement -