Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава
по 27. пат го организира Изборот кој е најстарата манифестација и единствена од ваков вид во Македонија. Во Изборот учествуваат новинари со долгогодишно искуство и стаж во следењето на автомобилските новитети и случувања.
Победникот ја добива наградата – стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов, што се доделува од самиот почеток на Изборот.
Согласно условите за учество во Избор на Автомобил на годината за 2022 во Македонија, Националното жири ги одбра следниве возила кои влегуваат во финалето (по азбучен редослед):
BMW iX
Dacia Sandero
Honda Jazz
Hyundai Tucson
Kia Sorento
Opel Mokka
Toyota Yaris Cross
Volkswagen ID.3
- Секој од членовите на жирито има право на еден глас.
- Право на еден рамноправен глас имаат и самите финалисти, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел
- Годинава право на глас имаше и публиката. Преку организирање на онлајн гласање и претставување на сите финалисти, моделот што ќе добие најмногу гласови добива еден (1) рамноправен глас со гласовите на членовите на Жирито и гласовите на финалистите.
Согласно критериумите за Избор, членовите на Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија 2022, донесоа одлука титулата да му ја додели на моделот.
• HYUNDAI TUCSON
Образложение: Четвртата генерација на Tucson прави значаен технолошки исчекор во однос на својот претходник. Новата платформа овозможува вградување на бензински и дизел мотори, но што е многу позначајно, таа може успешно да одговори на еколошките барања поради можноста за вградување на електрифицирани погонски единици. Уште еден од важните предуслови кои одат во прилог на победникот е извонредниот ценовен однос на квалитетот и опременоста спрема вложените средства.
При изборот на „Автомобил на годината во Македонија за 2022“ Националното Жири се раководеше од шесте критериуми:
- адекватност и понуда на домашниот пазар
- економичност и еколошка прифатливост
- безбедност и примена на технолошки достигнувања
- возни својства
- дизајн
- комфор и опременост
ВО ГЛАСАЊЕТО – Моделот Hyundai Tucson доби три (3) гласа а два (2) гласа беа доделени на Toyota Yaris Cross.
Според Правилникот за Избор, победник е моделот што ќе добие најмногу гласови.
Гласовите на Жирито – по два гласа беа доделени на моделите Hyundai Tucson и Toyota Yaris Cross.
Горан Антевски (www.24auto.mk) – HYUNDAI TUCSON
Агрон Сулејман (www.autoinfo.mk) – TOYOTA YARIS CROSS
Зоран Коцев (www.turbo1.mk) – HYUNDAI TUCSON
Владимир Ристовиќ (www.avtoklub.mk) – TOYOTA YARIS CROSS
Гласот на публиката – Годинава во онлајн гласањето спроведено преку платформата на www.coty.mk беа забележани вкупно 4.315 гласа поделени на осумте финалисти.
Моделот HYUNDAI TUCSON доби најмногу гласови – 941, со што доби ЕДЕН (1) ГЛАС.
Гласот од финалистите – годинава ниту еден од моделите финалисти не доби доволен број гласови, и затоа овој глас нема да се смета.
ПРИЗНАНИЕ – EV на годината (електричен автомобил)
Националното Жири реши и годинава да го додели Признанието EV на годината, што ќе го добие модел кој ќе донесе најмногу новитети во однос на електрификацијата.
• Признанието EV на годината го доби моделот VOLKSWAGEN ID.3
Образложение: Со ID.3, Volkswagen претендира да понуди народен автомобил со нулта емисија на штетни гасови кој ќе биде достапен за широките народни маси. Во современи услови тоа значи дека тој треба да вози на струја, да е практичен, лесен за одржување, и по можност да има заден погон.
ПРИЗНАНИЕ „Томислав Биљарац“
Националното Жири за Избор на „Автомобил на годината во Македонија“ по петти пат го доделува и признанието „Томислав Биљарац“, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за Избор за автомобил на годината во Македонија.
Наградата се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија.
Одлуката на Националното Жири е признанието „Томислав Биљарац“ за 2022 година да биде доделена на
- ЗОРАН МАРКОВСКИ
Досегашни носители на признанието „Томислав Биљарац“
2018 – Владимир Воиновски
2019 – Стерули Бураку
2020 – Славка Каленикова
2021 – Вилјем Хорват
Досегашни победници во изборот за „Автомобил на годината во Македонија“:
1996 Fiat Bravo/Brava 2012 Кia Rio
1997 Renault Megane 2013 Seat Leon
1998 Opel Astra 1998 2014 Skoda Octavia
1999 Skoda Octavia 2015 Ford Mondeo
2000 Fiat Punto 2016 Skoda Superb
2001 Seat Leon 2017 Kia Sportage
2002 Toyota Corolla 2018 Dacia Duster
2003 Mazda 6 2019 Ford Focus
2004 Mazda 3 2020 Opel Corsa
2005 Seat Altea 2021 Citroen C4
2006 Vоlkswagen Passat
2007 Opel Corsa
2008 Kia Cee`d
2009 Volksvagen Golf VI
2010 Opel Astra IV
2011 Hyundai iX3