Јапонски научници создадоа РНК молекула која го открива потеклото на животот на Земјата

- Advertisement -

Истражувачи од Универзитетот Токио создадоа РНК молекула која не само што може да се реплицира, туку може и да еволуира во посложени молекули. Ова откритие може да ја пополни големата празнина во нашето знаење за тоа како настанал животот на Земјата.

Како точно настанал животот на нашата планета е една од најголемите мистерии на науката. Долго време се претпоставуваше дека РНК била еден вид претходник на ДНК, односно дека овие едноставни молекули постоеле во почетната состојба на Земјата, после што понале да се реплицираат и да се диверзифицираат во разни облици. Како што молекулите станувале посложени, можеле на крајот да резултираат со клетки со молекули на ДНК и ги создале сите форми на живот на Земјата.

- Advertisement -

Колку и да е логично ова објаснение, остана непознато дали молекулите на РНК навистина можат да поминат таква еволуција или не. Затоа за новата студија научниците од Токио правеле долгорочен експеримент на репликација на РНК. Тимот инкубирал молекули на РНК во капки вода во масло на 37°C во текот на пет часа. Потоа додале хранливи материи, разредувајќи го растворот до открпилика една петтина од рогиналната концентрација, а смесата ја промешале пред да ја остават да се инкубира уште пет часа. Тој процес го повторувале 240 циклуси до вкупно времетраење на експериментот од 1.200 часа.

Тие откриле дека молекулите на РНК мутирале и се диверзифицирале со тек на време. Една почетна врста на крајот се разгранила во пет различни лози, кои флуктуирале во популација пред да се стабилизираат. Мрежа од интеракции настанала меѓу различни лози, а што е најинтригантно, таа интеракција им помогнала сите да се реплицираат поефикасно.

- Advertisement -

„На почеток се сомневавме дека толку ралични РНК може да се развија и да коегзистираат. Во еволуциската биологија правилото за компетитивно исклучување значи дека повеќе од една врста не може да коегзистираат ако се натпреваруваат за истите ресурси. Тоа значи дека молекулите мора да впосотават начин на користење на различни ресурси една по друга за трајна диверзификација, па се прашувавме дали е возможно неживи хемиски врсти спонтано да развијат таква иновација“ вели Рио Мицууши, водечки автор на студијата.

Додека експериментот покажува дека барем е возможно РНК да помине низ еволуција и да дојде до посложен живот, тоа не мора нужно да потврди дека нешто такво се случило во реалниот свет. Тимот планира да прави понатамошни експерименти за подетално да открие како РНК може да го помине патот до живи системи.

- Advertisement -

Истражувањето е објавено во списанието Nature Communications.

(Vidi.hr)

(фото: denstoredanske.lex.dk)

Сподели!
- Advertisement -