За сите оние кои се во процес на купување на ново возило и при тоа го замислуваат својот омилен Opel автомобил, на прашањето – Дали вистински можеме веднаш да го преземеме и да не чекаме со месеци за испорака, одговорот е ДА!
Од компанијата Еуроимпекс, Генерален увозник за Opel и нивната дилерска мрежа низ Македонија, добивме информација дека моделите Opel Corsa, Opel Crossland и популарната Opel Mokka се достапни со испорака веднаш!
„Во соработка со Шпаркасе Лизинг е изготвена посебна понуда која се однесува за возила од лагер, а со цел да излеземе во пресрет на нашите потенцијални клиенти, обезбедивме фиксна каматна стапка од 3,99% и дополнително на тоа трошокот за каско осигурување за овие клиенти е намален за 50%“ – велат од Еуроимпекс.
Звучи примамливо зар не?
Бидете дел од германската иновација и уживајте во возењето со најновите технолошки системи за помош при возење.
Доколку сте подготвени за следниот, смел чекор напред со Opel посетете го линкот: https://www.opel.mk/ponudi-uslugi/momentalni-ponudi/momentalni-ponudi-na-avtomobili/crosscarline.html
-Крај на соопштението-
За ЕУРОИМПЕКС
Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на Peugeot автомобили.
Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020та година со што прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.