Илон Маск ја покачи цената на вселенскиот интернет Starlink

- Advertisement -

Цените на производите и услугите растат насекаде во светот, а тоа очигледно го следи и компанијата SpaceX, која ја зголеми цената на својот вселенски сателитски интернет Starlink.

Освен на цените на храната и на горивата, инфлацијата како последица на војната во Украина влијаела и на цената на Starlink, барем тоа како причина го наведуваат од SpaceX.

- Advertisement -

Цената на Stralink интернетот за купувачи со депозит е зголемена од 499 на 549 долари, додека за новите нарачатели цената изнесува 599 долари. Новата цена веќе се применува, а освен тоа, се зголеми и месечната претплата. Така, сега наместо 99, ќе се плаќа 110 долари. Таа цена корисниците ќе ја плаќаат од 22 април натаму.

Корисниците во текот на првата година може да ја откажат услугата и да добијат поврат од 200 долари, односно целиот износ ако опремата ја добиле во изминатите 30 дена.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Starlink)

Сподели!
- Advertisement -