По прв пат пронајдена микропластика во човечка крв

- Advertisement -

По прв пат научници пронајдоа микропластика во човечка крв. Мали честички беа пронајдени во крвта на речиси 80% од испитаниците, се вели во нова студија објавена во весникот Environmental International.

Тие мали честички мое слободно да се движат низ телото и да се заглават во некој орган, што може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Но, сега кога веќе е откриено нивото присуство, научниците почнуваат да ги анализираат потенцијалните негативни ефекти, и краткорочните и долгорочните, по човечкото здравје.

- Advertisement -

Во лабораториски експерименти микропластиката успеала да ги оштети човечките клетки и добро е познато дека честичките од загадувањето во воздухот навлегуваат во телото и се причина за милиони смртни слуачи во светот секој ден. Голема количина пластичен отпад се наоѓа во животната средина на глобално ниво – од највисоките планини до најдлабоките делови на Тихиот Океан.

Храната и водата исто така може да содржат ситни честички микропластика, па дури и воздухот што го дишеме може да ги пренесува тие честички и да навлезат во нашето тело. Претходно беше откриено присуство на микропластика во измет на бебиња и на возрасни луѓе.

- Advertisement -

Во рамките на новата студија истражувачите испитувале крв на 22 анононимни, здрави, возрасни донори и кај 17 од нив била откриена микропластика во крвта. PET пластика била пронајдена кај половина од земените примероци, што најчесто се користи за пластични шишиња. Една третина од испитаниците имале полистирен во крвта, односно материјалот кој се користи за пакување храна. Една четвртина од испитаниците имале полиетилен во крвта, односно примарен материјал за пластични кеси.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -