Алгоритам може прецизно да предвиди срцев удар во период од 5 години

- Advertisement -

Нова алатка со вештачка интелигенција која ја направи Медицинскиот центар Седарс-Синаи може прецизно да ги мери наталожените наслаги во коронарните артерии и да го предвиди ризикот од инфаркт во рок од 5 години. Алатката треба да помине низ повеќе тестирања пред да може да се користи во клиниките, но креаторите ветуваат дека автоматски, за само неколку секунди ќе ја заврши работата за која претходно на обучени експерти им биле потребни до 30 минути.

Скенирањето познато како компјутерска томографија ангиографија (CTA) е една од најдобрите алатки која докторите ја користат за проценка на сериозноста на срцевите заболувања кај пациентите. CTA снимките од наслагите на коронарните артерии неодамна се покажа како најдобар начин за предвидување на веројатноста за срцев удар во блиска иднина.

- Advertisement -

„Наслагите на коронарните артерии ќестопати не се мерат затоа што нема целосно автоматизиран начин да се направи тоа. За еден експерт да ги измери потребни му се 25-30 минути, но сега оваа нова програма ќе може да направи мерење од СТА снимките за 5-6 секунди“ вели Дамини Деј, еден од авторите на студијата.

За да ја направат алатката истражувачите најпрвин обучувале алгоритам да ги препознава наслагите во артериите од CTA снимки користејќи снимки од 921 пациент. Алатката потоа била тестирана на неколку стотици пациенти и дала резултати приближно исто прецизни како човечките експерти.

- Advertisement -

Понатаму, истражувачите ја анализирале способноста на алатката да предвиди идни срцеви удари. Тие откриле дека алатката може прецизно да ги подели пациентите во две категории – тие со висок ризик и тие со низок ризик од срцев удар во период од 5 години по CTA скенирањето.

Се уште е рано да заживее таквата технологија, па во блиска иднина не треба да очекуваме вештачка интелигенција да ни дава совети за здравјето. Потребни се дополнителни студии за подобро да се обучат алгоритмите за различна популација. Дури и кога технологијата ќе биде оптимзиирана, се уште ќе има големи пречки затоа што CTA скенирањето не е ни евтино, ниту лесно достапна дијагностичка метода.

- Advertisement -

Студијата е објавена во весникот The Lancet Digital Health.

(New Atlas)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -