Во вторник ќе се одлучува за укинување на маските во училиштата

- Advertisement -

На  Владата е да одлучи за олабавување на мерките. На редовната седница во вторник се очекува да биде донесена и одлука во однос на препораката за неносење маски за учениците.

„Секоја препорака од Комисијата е добредојдена. Ако тие имаат проценето дека маските за децата во основно не се потребни јас ја прифаќам таа препорака. Секој вторник има седница на Влада. Ако е донесена, ќе треба да се почитува. Јас немам моментално таа информација“, изјави Шаќири.

- Advertisement -

Продолжуваат активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против ковид, во организација на Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.Инаку, од ресорното Министерство остануваат на ставот дека вакцинацијата е единствениот излез од пандемијата. Сепак, се намалува интересот за вакцинација против КОВИД-19 и тоа за прва и втора доза, додека за трета доза, има интерес помеѓу повозрасните граѓани.

Најголем процент на дневно вакцинирани лица се токму граѓаните над 60 години.

- Advertisement -

„Вакцинацијата тече непречено, но во последно време, намален е интересот. Најмногу интерес има кај постарите лица. Прва доза примаат само оние граѓани кои планираат патување“, изјави вчера координаторот на вакциналниот пункт, Хамид Фетау.

Фото – stockvault

Сподели!
- Advertisement -