Се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“1650 учесници застанаа на старната линија

- Advertisement -

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“. Овогодинешното издание имаше масовна посетеност, односно 1650 натпреварувачи застанаа на стартната линија.  

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот во Скопје владееше одлична атмосфера, со голема доза позитивна енергија, пропратена со популарни музички хитови, кои дополнително ги мотивираа учесниците во текот на трката.

- Advertisement -

Благодарение на учесниците на трката, како и на посетителите кои им даваа силна поддршка и гласни аплаузи, „Халк Еко Скопје Трча 10км“ и оваа година покажа дека спортскиот дух обединува, сплотува и го подигнува расположението на неверојатно ниво.

1650 учесници беа дел од денешната трка, а прво место во машка конкуренција освои Дарио Ивановски, додека во женска конукренција прва до финишот стигна Адријана Поп Арсова, со што освои национален рекорд.

- Advertisement -

Резултатите од „Халк Еко Скопје Трча 10км“ ќе бидат објавени на следниот линк: https://tagtiming.mk/skopjerun/results2024.htm. Исто така, сите фотографии ќе бидат споделени на: – https://www.getpica.com/.

На трката со 10 км, првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени со вкупен награден фонд од 160.000 денари и дополнителни вредносни награди. Пехари ќе добијат и најдобо рангираните во старосни категории и најбрзите пријавени екипи.

- Advertisement -

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Скопски Маратон, А.К.Работнички, додека покровител е Град Скопје.

Патеката на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ е измерена и сертифицирана од страна на овластено лице од АИМС и Светска Атлетика.

Организаторите на настанот им искажуваат голема благодарност на сите учесници, како и на волонтерите за денешното динамично, енергично и масовно издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 2024 година.

Сподели!
- Advertisement -