Паметни хируршки ракавици го следат движењето на рацете на студентите

- Advertisement -

За да се биде хирург мора да имате навистина стабилна рака и прецизен допир. Нов сет хируршки ракавици се дизајнирани имајќи го на ум токму тој факт за да ги следат движењата на рацете на тој што ги носи и да дадат фидбек за применетата техника.

Електронски напредните латекс ракавици се дизјанирани од тим од австралискиот Универзитет на Западен Сиднеј. Третата генерација прототип веќе се тестира на хирурзи на пракса во британската болница Ливерпул.

- Advertisement -

Секоја ракавица има флексибилен електричен кабел кој поминува по задниот дел од палецот, показалецот и средните прсти. Секој од тие кабли потоа има повеќе IMU, односно единици за инертно мерење со цел да се следат движењата на секој прст. На секоја ракавица има по девет такви единици.

Во конечната верзија од ракавиците податоците од тие единици ќе одат до мало печатено електрично коло поставено на задниот дел од секоја ракавица, од каде што преку Bluetooth ќе се испраќаат до апликација за смартфон. Како што студентите ги вежбаат процедурите софтверот ќе може да се користи за да се спореди движењето на нивните раце со она што би било идеално.

- Advertisement -

Ракавиците се наменети за унапредување на традиционалната пракса, но не и да ги замени старите методи. Како што велат од тимот што ги создаде, тие може да се користат и во други области каде што е битна прецизната работа со рацете, како што е музиката или уметноста.

(New Atlas)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -