Рециклирани пелени се користат за асфалтирање улици

- Advertisement -

Во Велс за асфалтирање на улиците почна да се користи мешавина во која има и рециклирани детски пелени. Проектот е реализиран заедно со родители кои ги оставаа искористените пелени во специјални канти. Тиепелени потоа се однесени во компанија која истите ги чисти и ги рециклира, а резултат од тоа е голема количина на пластични пелети подготвени за повторно користење.

Познато е деке растопената пластика е многу леплива затоа што нејзиниот хемиски состав е многу сличен на битумен и се однесува на ист начин кога ќе се загрее. Со мешање на таа смеса со врел катран се добива мешавина потребна за асфалтирање на улици, при што се користи помалку битумен.

- Advertisement -

Ова се навистина сјајни вести затоа што пластичниот отпад создава голема еколошка катастрофа во светот, а на овој начин и понатаму се употребува. Индија веќе со децении гради патишта со помош на рециклирана пластика и досега се асфалтирани илјадници километри градски улици и автопатишта со користење на тони рециклирана пластика.

На стандардната мешавина за асфалтирање и се потребни то тони битумен за секој километар но благодарение на употребата на рециклирана пластика доволни се девет тони битумен за еден километар со што се намалуваат трошоците за изградба на патишта и се користи несаканата пластика.

- Advertisement -

Патишта направени со помош на полимери има и во Канада затоа што полимерите спречуваат нивно пукање за време на зимата. Пластифицираниот битумен има поголема точка на топење од стандардниот и затоа се употребува на Блискиот Исток, а создава и помалку бучава и со таа цел се користи и во САД. Ваквите патишта се значително поиздржливи и отпорни на оштетувања.

Велшаните годишно користат 140 милиони епелени кои може да се искористат за унапредување на сообраќајната инфраструктура во целиот свет.

- Advertisement -

(Klix.ba)

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -