Кој е најмоќниот пасош во светот во 2022 година?

- Advertisement -

Нов индекс ги рангираше земјите со најдобри пасоши во светот. Што мислите, кој пасош е најмоќен? Одговорот малку ќе ве изненади. Малата европска држава Луксембург го зазеде првото место од вкупно 199 земји според Passport Index Nomad 2022, кој го објави консултантската куќа за даноци и имиграција Nomad Capitalist.

Додека многу рангирања се фокусираат исклучиво на патувањето без виза, овозј индекс во своето бодување го додава оданочувањето, глобалната прцепција, можноста за добивање двојно државјанство и личната слобода.

- Advertisement -

На пример, американскиот и канадскиот пасош се слични во поглед на моќта за патување, меѓутоа ако сте Американец, подложни сте на даноци без оглед на тоа каде живеете, така што тире два пасоши не би требало да бидат рангирани еден до друг.

Ова се критериумите по кои се рангирани земјите ако земеме предвид дека најдобриот резултат е 100%:

- Advertisement -

-патување без виза 50%
-оданочување на граѓаните 20%
-глобална перцепција 10%
-двојно државјанство 10%
-лична слобода 10%

Што се однесува на даночните политики, 10 поени се доделиле на местата со оданочување во целиот свет (САД) и 50 поени за оние кои се без даноци (ОАЕ).

- Advertisement -

Првите десет пасоши на листата остануваат непроменети во однос на минатата година, а разликата од половина поен меѓу Луксембург и Шведска, која е на второ место, се сведува на една виза за дополнителна земја.

Даноците се високи и во двете земји, но ако сакате да си заминете, тоа е релативно флексибилно. И двете земји се добро перципирани на глобално ниво и се високо рангирани во однос на личната слобода.

Оа што е забележително на оваа листа е тоа што земјите како Малта, Исланд и Словачка, за кои не се зборува многу често во поглед на мќта на пасошите, се подобро рангирани од земјите како Италија и Германија. Исто така, имаат подобри резултати и од Велика Британија, Австралија и САД.

На оваа листа ние го делиме 82. место со Црна Гора. Подобро рангирани од регионот се Србија на 70. место, Хрватска и Бугарија го делат 42. место, Словенија на 30. место и Грција на 26. место. Полошо рангирани се Албанија на 88. и БиХ на 91. место.

Најлошо рангирана земја на листата е Авганистан со само 20 поени.

Ова се топ 10 најдобро рангирани пасоши во светот:

1.Луксембург

2.Шведска

3.Ирска

4.Белгија

5.Швајцарија

6.Финска

7.Португалија

8.Чешка Република

9.Холандија

10.Сингапур

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -