Компанијата Mojo Vision со седиште во Саратога, Калифорнија, направи многу голем напредок во своите напори за развој на мапетни контактни леќи. Најновиот нивни изум е технологија за следење на движењето на очите и посебна опција за прикажување на екран во самата леќа.
Компанијата е основана во 2015 година и нивната прва верзија на паметните контактни леќи нема ништо повеќе од ЛЕД дисплеј и опција за безжично поврзување на електрична енергија. За кратко време нивните леќи станаа многу напредни и сега, покрај најновите додатоци, имаат опција за безжичен пренос ан податоци, имаат микро ЛЕД дисплеј со висока резолуција, како и можност за контрола на леќите со очите, пишува CNET.
Од MojoVision тврдат дека нивниот микроЛЕД дисплеј е најмалиот дисплеј со најголема густина во светот. Густината на дисплејот е околу 14.000 пиксели на инч и може да прикажува текст, богата графика, како и видеа кои може да се гледаат кога тој што ги носи леќите е во затворен простор, надвор, па дури и кога мижи.
За разлика од AR очилата кои се базираат на камери, леќите на Mojo Vision имаат сопствен гирометар, акцелерометар и магнетометар за следење на движењата на очите. Се напојуваат со енергија од микробатерии и работат со системот за менаџирање со енергија на Mojo, кој не само што овозможува безжично полнење, туку и целодневни перформанси.
Освен тие напредни опции, леќите не само што ќе можат да вршат повеќе функции додека ги носите, туку ќе имаат и релеј уред кој ќе врши најголем дел од работата. Многу е веројатно дека придружниот уред ќе се носи на вратот, иако досега не е познато како ќе изгледа тој уред, ниту леќите.
(Interesting Engineering)
(фото: Mojo Vision)